01.09.2014.

И повреден Илиоски донесе второ место од Самоков

НОВ ПИЕДЕСТАЛ И БОДОВИ ВО ИСТОЧНО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ЗА ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ
Минатиот викенд на патеката Самоков во Бугарија се возеше трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, од која нашиот Христијан Илиоски - Кико се врати со пехарот за освоеното второ место.
Успехот на Илиоски доаѓа по победа на првата трка и трето место на втората, а добива на тежина ако се знае дека само една недела претходно доживеа тежок пад на тренинг. Првата трка во Самоков беше одлична за Илиоски, откако тој успеа да победи во конкуренција на 17 возачи и притоа да има предност од 7,7 секунди пред конкурентот Радута од Романија. Сепак недоволната рехабилитација по падот остави траги, па така по побавното темпо на втората трка, Илиоски заврши на третата позиција, и севкупно второ место во Бугарија. За Кико ова е уште еден успешен настап на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, во кој се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман. Битката за титулата Источно-Европски шампион продолжува на 14 септември во Тројан (Бугарија), потоа следува трката во Прилеп на 21 септември,за до крајот на шампионатот да останат уште две три, на 19 октомври во Молдавија и на 02 ноември во Бурса (Турција).

Нема коментара:

Постави коментар