Powered By Blogger

1. 9. 2014.

Скршеница на клучната коска на три места за Марковски

ГОЛЕМ ПЕХ, СЕРИОЗНА ПОВРЕДА И ЗАВРШЕНА СЕЗОНА ЗА НАПАЃАЧОТ НА ПЕЛИСТЕР
Стрелецот на единствениот гол за Пелистер во Кратово, Благојче Марковски се здоби со тешка повреда, ја скрши клучната коска на три места и веднаш уште синоќа беше префрлен во Скопје, каде што ќе му се изврши оперативен зафат.
Незгодниот пад скапо го чинеше битолскиот фудбалер, кој токму против неговиот бивш клуб го постигна првиот свој гол во шампионатот, откако претходно два пати погоди во Куп мечот со Вулкан. Битолските со мислите кон својот соиграч после мечот потиштени од разорачување заради доцна примениот гол, веднаш побрзаа до Скопје или со информации од главниот град околу состојбата на поливалентниот фудбалер. Марковски го очекува долга пауза и за него многу веројатно оваа сезона е завршена. 

Нема коментара:

Постави коментар