24.09.2014.

Боро Чурлевски нов тренер на Прилеп

ВРАЌАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ АС НА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Легендарниот македонски ракомет Борис Чурлевски од денес е наименуван за нов тренер на новиот суперлигаш Прилеп. По ремито на домашен терен со Охрид, управниот одбор на Прилеп му се заблагодари на Орде Илиоски и го назначи 49 годишниот Чурлевски, кој ќе дебитира в сабота на гостувањето кај Работнички. За прв пат пред прилепската публика ќе се претстави против Металург Јуниор на 4 октомври. 
Чурлевски во играчката кариера покрај за матичниот Пелистер настапуваше и за Борец од Велес, Црвенка, Килкис, Тутунки комбинат и за црногорскиот Ловчен. Битолчанецот се враќа во Прилеп, каде како ракометар со сезоната 1991/92 го освои првото место во втората југословенска лига. Тренерската кариера пак ја започна во Пелистер, а работеше и во грчкиот Килкис, косовските Кастриоти и Беса, во женската екипа на Патра и во Либија. 

Нема коментара:

Постави коментар