Powered By Blogger

13. 9. 2014.

Нови Пазар и Канатларовски изненадувачки се разделија

ПО ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ, БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР НА НОВИ ПАЗАР
Според информациите на српските медиуми, управниот одбор на Нови Пазар решил да му врачи отказ на битолчанецот Драган Канатларовски по поразот пред своите навивачи од Младост Лучани со 1:2, откако екипата загуби и во претходното коло од ОФК Београд. Канатларовски на почетокот од оваа сезона дојде на тренерската позиција во Нови Пазар, откако минатата година го водеше Спартак Суботица.
Претходно во својата кариера беше тренер и на Локомотив Пловдив, Беласица, Победа и Вардар и два пати селектор на Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар