Powered By Blogger

5. 9. 2014.

Aнгеловски: „Никогаш не размислував да ја напуштам Констанца“

РЕШЕНА КРИЗАТА ВО КОНСТАНЦА И ДВАЈЦАТА МАКЕДОНЦИ ОСТАНУВААТ ВО КЛУБОТ
Констанца доби финансиска инјекција и се крена некако на нозе по кризата која ја зафати, а со неа останаа и нашите Бранко Ангеловски и Звонко Шундовски. Ги преживеаја премрежјата и решија да ги продолжат кариерите во романскиот шампион, иако беа поврзувани со трансфери во други екипи.
„Лоша беше состојбата со екипата, пола тим си замина. Јас не ни бев во комбинација да заминам во друг клуб, само им реков дека, можеби, дојде време и да не играм веќе. После преуспешна сезона за мене на 37 години мислев и дека е доста. Играв Европско првенство со репрезентацијата, сѐ што можеше за четири години освоив во Романија, а плус игравме и Ф4 на ЕХФ-куп. Сепак, еден дел од играчите останаа и се договоривме, иако десеткувани да одиграме максимум, па да видиме колку можеме.Лигата на шампиони не ни е приоритет толку како домашното првенство. Ние ќе играме, па колку можеме - толку. Со десеткувана екипа и со проблемите што ги имаме ќе ни биде тешко против врвните европски тимови“ додаде Ангеловски за „Спортмедиа„. Сите четири екипи кои играат квалификации веќе се наоѓаат во Белгија, каде што утре ќе почне квалификацискиот турнир. Констанца ќе игра против домаќинот Инитија, а Хаслум со Бешикташ.

Нема коментара:

Постави коментар