24.09.2014.

Четвртфиналистот одложен за реваншот, Ступиќ не реализира пенал

СТУПИЌ НЕ ПОГОДИ ОД БЕЛАТА ТОЧКА, МРЕЖИТЕ МИРУВАА ВО ТАКТИЧКИОТ ДУЕЛ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Куп на Македонија - Осминафинале (1 меч)

Пелистер - Работнички 0:0

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Стојанче Стојанов
Асистенти: Никола Караколев и Сашо Иванов (сите од Штип)
Делегат: Дејан Димовски (Скопје)
Стрелци: нема
Жолти картони: Шишковски (Работнички), Ристевски (Вардар)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Крстески, Динчев, Степановски, Брдаровски, Мустафов, Анастасов, Ристевски (од 88м. Тодоровски), Трајковски (од 62м. Љамчевски), Петковски, Ступиќ

Работнички:
Шишковски, Тодоровски, Вујчиќ (од 89м. Настевски), Силјановски, Велковски, Петровиќ, Додевски, Алтипармаковски (од 78м. Чурлинов), Трајчевски, Цикарски, Илиевски

За првата половина од осминафиналето домашниот тренер се одлучи за мала ротација и ги внесе Динчев и Трајковски, а гостинскиот предводник Ангелевски во Скопје ги остави Сулејманов и Стојков. Во 10 минута првата закана стигна од Анастасов кој добро биеше од слободен удар од 25 метри, но за малку крај дирекот. Работнички возврати, кога Цикарски го изведе првиот корнер, топката мина низ петерецот, но ниту еден гостински фудбалер не беше присебен да ја втурне во мрежата. Долго време се играше израмнето и без шанси, пред Дарко Велковски да се обиде од слободен удар од 30 метри во 38 минута, но го префрли и живиот зид и голот. Двете екипи играа без доза на ризик и бројот на удари во рамката на голот и зрели шанси беше вистинска реткост. Вториот дел започна со најзрелата можна шанса за битолчани. Ристевски мина низ одбраната на Работнички, Шишковски го сруши, а судијата Стојанов покажа на белата точка. Гостинскиот голман го прочита ударот на Ступиќ упатен полувисоко и ја исфрли топката во корнер. Битолчани пропуштија огромна шанса да го отворат затворениот натпревар под Тумбе кафе. Скопјани играа главно претпазливо и проигруваше последната линија без многу опции за нападот. Зелените нешто поамбициозни, но вистинска реткост беа шансите за водечки гол. Единствената и најзрела шанса Работнички ја имаше во 79 минута кога по акцијата на нововлезениот Чурлинов, топката стигна до Силјановски кој биеше од 6-7 метри, но не ја зафати топката најдобро и таа ја погоди десната домашна статива од надворешната страна. Двете екипи по никоја цена не сакаа да примат гол и затоа одлуката за четвртфиналистот ја одложија за 14 октомври на националната арената Филип втори во Скопје.          

Нема коментара:

Постави коментар