04.09.2014.

Голем турнир за млади категории овој викенд во битолско

ШКОЛАТА ЗА ФУДБАЛ ЛГ БИТОЛА И ОВАА ГОДИНА ОРГАНИЗИРА ПРЕСТИЖЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ЗА НАДЕЖИ
Третиот по ред традиционален меѓународен фудбалски турнир за деца родени  2001, 2002, 2003, 2004 и 2005 година ќе се одржи на терените во Новаци и Логоварди на 06 и 07 септември 2014 година под покровителство на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски а по повод Денот на независноста на нашата држава. На турнирот ќе учествуваат екипи од Македонија, Хрватска, Грција и Србија.
Вкупно ќе земат учеств 40 екипи, или околу 600 деца и 40 тренери на екипите - вкупно околу 650 директни учесници. За два дена ќе се одиграат вкупно 70 натпревари во сите генерации. Екипите ќе бидат поделени во 5 категории во генерација 2001, 2002, 2003 2004 и 2005 во 5 групи по 4 екипи. Ќе се натпреваруваат два дена на 6 и 7 септември. Завршниците од натпреварите по генерации ќе се играат на стадионот во Новаци. За најдобрите планирани се пехари и медали за 1,2,3 и 4 место, награди за најдобар играч, стрелец и голман. Турнирот ќе го отвори градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, како генерален покровител на овој традиционален меѓународен фудбалски турнир и организаторот на турнир Лазе Гаштаров  - ЛГ Битола в сабота од 12:30 часот на свеченото дефиле пред екипите учесници.



Нема коментара:

Постави коментар