12.09.2014.

Нов пораз на Конкордија без Драгарски, Мирко Ивановски утре против „својата„ Астра

ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА НА КОНКОРДИЈА, ИВАНОВСКИ СО СЕ ПОГОЛЕМА МИНУТАЖА ВО КЛУЖ
Во првиот натпревар од 7 коло на романскиот фудбалски шампионат, новата екипа на Христијан Драгарски, Конкордија претрпе тежок пораз на гостувањето кај Брашов со 4:1. Уште од стартот домашната екипа се наметна и преку Константинеску во 17 и Григорие во 35 минута од пенал, брзо поведе со 2:0. Константинеску во 49 минута зголеми на 3:0, а Леко во 53 минута и по четврт пат го принуди гостинскиот голман Рамничеану на капитулација.
До крајот Болдрин во 87 минута намали на 4:1 Во судиското надополнување Кристеа не реализира пенал за Конкордија. Драгарски целиот меч го одгледа од клупата и не доби шанса. По овој пораз Конкордија падна на 15 место со 4 бода и во наредното 8 коло ќе се обиде да се извади на домашен терен против Ботосани на 20 септември. Утре Клуж на Мирко Ивановски ја дочекува Астра, во која битолчанецот играше до минатата сезона. 

Нема коментара:

Постави коментар