27.09.2014.

Зомимак се „прошета„ низ Битола

РАЗЛИКА ВО КЛАСИ И ЛЕСНА ПОБЕДА НА СТРУМИЧКИ ЗОМИКАК СРЕД БИТОЛА
Пелистер - Зомимак М 26:31 (12:20)


Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Дим.Георгиевски и Деј. Георгиевски (Скопје)
Делегат: Благој Петров (Велес)

Пелистер:
Јовановски (4 одбрани), Нечков, Христов, Георгиевски, Крстевски, Талески, Дрогришки 7, Рајатовски 4, Тодоровски, Гаревски 1, Илиевски, Вељановски 1, Кузмановски 4, Димитровски 9

Седмерци: 7/3
Исклучувања: 6 минута

Зомимак:
Б. Трајковски, Стојановски, Павловски 1, Младеновски 6, Стојановски 1, Милосављевиќ 3, Трајковски 1, Босеовски 4, Стојановски, Ходор 2, Чантурија 3, Митревски 2, Јанев 1, Везенковски

Седмерци: 6/6

Исклучувања: 6 минути

Без двајцата црногорски ракометари на кои му недостига сертификат за настап и пред се без квалитетен и искусен голман, Пелистер не можеше да му се спротистави на поквалитетната, поискусна и поподготвена екипа на Зомимак М. Струмичани добро го отворија мечот и дојдоа до солидна предност од 5:2, 9;4 и постојано дистанцата растеше. Везенковски разигруваше, Јанев и Чантурија погодуваа до 12:20 на полувреме. Кога Младеновски со неколку гола предноста ја искачи на +6, гостите го намалија интензитетот и битолчани главно преку Васко Димитровски успеаа да стигнат до достоинствен пораз од 26:31. Во победничката екипа Златко Везенковски постигна 7, па Младеновски беше автор на 6 гола, а Босеовски против својот матичен клуб постигна 4 гола. Кај пелистерци најефикасен капитенот Димитровски со 9 гола, а младинскиот репрезентативец Дрогришки постигна 7. Битолчани бодови ќе бараат во третото коло на гостувањето во Радовиш, каде очекуваат засилувања од ракометниот пазар.   

Нема коментара:

Постави коментар