Powered By Blogger

14. 9. 2014.

Берое ниже победи, Вождовац тоне, а Мехелен најубедлив сезонава

КАКО ИГРААТ БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ШИРУМ ЕВРОПА
Берое е вистински хит во бугарската лига и реди победи. Во мечот од осмото коло во Стара Загора екипата на Стефан Спировски го совлада Марек со 4:0, а битолчанецот одигра 22 минута. Со хет-трикот на Христов и еден гол на Ајас, зелените лесно се справија со Марек. Со 15 бода Берое е втор со два бода помалку од лидерот ЦСКА Софија.
Во наредното коло в сабота на 20 септември, Берое му гостува на Локомотив Пловдив. Денес Славија Софија со нов тренер и со Кире Ристевски на теренот му гостува на Левски од 19:15 часот. Српскиот прволигаш Вождовац влезе во голема резултатска криза, откако загуби и  на петтиот натпревар во српската Јелен Суперлига. Екипата на Томе Китановски загуби на домашен терен со 0:1 од Раднички 1923 од Крагујевац, со голот на Сотировиќ во 32 минута. Китановски не настапи. Вождовац е последен и заедно со Раднички Ниш се единствени без бодови. Во наредното шесто коло, на „Карабурма„ Вождовац му гостува на ОФК Београд. Во рамките на седмото коло на белгиската Џупилер Про лига, Мехелен без Томе Пачовски на голот, го декласира тимот на Вестерло со 5:2 со головите на Риц (2), Де Вит, Хани и автогол на Годо, а за Вестерло погодија Гуњон и МекДоналд. Мехелен е седми со 9 бода и во наредното коло на 21 септември му гостува на Локерен.   

Нема коментара:

Постави коментар