Powered By Blogger

12. 9. 2014.

Тетекс „наплаќа„ за незаслуженото реми во Кратово

ПАК СО АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОБЛЕМИ, НО СО МНОГУ ЕНТУЗИЈАЗАМ ПЕЛИСТЕРЦИ БРКААТ НОВА ПОБЕДА ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Битолчани се надеваа дека кога ќе се врати шампионатот на Првата лига по двонеделаната пауза, статусот на клубот ќе биде решен и пелистерци ќе може да се концентрираат само на фудбал. Но одолговлекувањата продолжија до таму што фудбалерите побараа времена управа додека продажбата се заврши.
За тоа време тренерот Секуловски и фудбалерите напорно работат, бидејќи меѓу првенството и Купот следат нови напорни 20 дена со пет натпревари во нив. Почнувајќи од мечот со Тетекс, зелените ќе се обидат да им се вратат на победите, откако во последните минути од мечот со Силекс им избегаа три бода. Тренерот Секуловски има проблеми со составување на тимот, бидејќи Марковски се повреди на претходната средба, ниту Ристевски не е фит, а новодојдениот Ганчев сеуште нема право на настап, бидејќи недостига сертификатот. Исто така заради исклучувањето во Кратово нема да игра и Јованчо Трајковски. Тетекс доаѓа во Битола по две години и традиционално има многу проблеми кога игра под Тумбе кафе. Младинскиот репрезентативец Бурхан Мустафов, кој пред неколку дена дебитираше за селекцијата под 21 година верува дека во Битола „штофарите„ нема што да бараат: „Играме добро и мислам дека по прикажаното зааслуживме и некој бод повеќе. Но првенството е долго и еве веќе в недела имаме можност да се извадиме за ремито со Силекс. Нашата цел е во Битола да ги добиваме натпреварите и затоа мислам дека овој меч е идеална шанса за тоа. Сепак респект за Тетекс кој има многу искусна екипа и веќе помрсни многу сметки во досегашниот тек на шампионатот„ вели Мустафов. Битолската публика и покрај најавите за дожд в недела најавува дека во голем број ќе дојде под Тумбе кафе, да ги награди фудбалерите за трудот и посветеноста кон клубските бои во овој период на несреденост на клубската иднина.

Нема коментара:

Постави коментар