20.09.2014.

Ивановски и Клуж се искачија на врвот на романската лига

45 ДЕНА КЛУЖ ВО ПОЗИТИВЕН ПЕРИОД НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ И СТИГНА И ДО ВРВОТ НА РОМАНСКАТА ЛИГА
Позитивниот момент на Мирко Ивановски и на Клуж во романската прва лига продолжува. Младиот македонски напаѓач одигра 77 минути во победата на Клуж кај Отелул Галати со 0:1 со голот на Таде во 44 минута. Ивановски одигра одличен меч по левата страна и имаше неколку убави потези, а заработи и жолт картон во 23 минута.
Пред крајот беше заменет со Кристијан. Со овие три бода, со 19 бода од можните 24, екипата на Клуж изби пред Стеауа на врвот на табелата во пресрет на утрешниот меч на шампионот на гости кај Петролул. Конкордија без Христијан Драгарски одигра 3:3 на домашен терен против Ботосани и останува при дното на 17 место со 5 бода. 

Нема коментара:

Постави коментар