Powered By Blogger

14. 9. 2014.

Клуж и Мирко Ивановски немаа милост кон Астра

СО ПОБЕДАТА ПРОТИВ НЕГОВИОТ БИВШ КЛУБ, ИВАНОВСКИ И КЛУЖ ИЗБИЈА НА ВТОРОТО МЕСТО ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
Мирко Ивановски полека го наоѓа своето место во новиот Клуж. По првиот гол во новиот дрес на пријателскиот меч со Шахтар Доњецк, битолчанецот одигра скоро половина час и го дотолчи својот поранешен клуб Астра Плоешти. Клуж славеше со 4:1, а Ивановски влезе во игра на местото на Јаколис во 62 минута при 2:1.
Веднаш изнуди бројчена предност, бидејќи заради прекршок врз него, Бен Јусуф во 64 минута заработи црвен картон. Подоцна беше многу полесно да се слави со головите на Таде (2), Гуима и Деак. Вилиам го постигна единствениот гол за Астра. Со оваа победа Клуж скокна сам на второто место на табелата со 16 бода, два помалку од лидерот и првакот Стеауа. Во наредното осмо коло Клуж наредната сабота од 17:30 часот му гостува на Отелул.

Нема коментара:

Постави коментар