01.09.2014.

Само сертификатот го дели Ганчев од Пелистер

ПЕЛИСТЕР ВО ПОСЛЕДНИТЕ МОМЕНТИ ОД ПРЕОДНИОТ РОК ДОБИ ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ОДБРАНАТА
Македонскиот интернационалец во Бахраин, неготинчанецот Горан Ганчев денес треба и официјално да го засили Пелистер пред за остатокот на сезоната.
Фудбалерот кој настапуваше за Бусаитен во Бахраин предност му даде на еден од своите бивши клубови, битолски Пелистер. Само уште потребниот сертификат да пристигне и овој искусен фудбалер ќе биде засилување за битолскиот прволигаш. Ганчев ќе биде трет искусен централен дефанзивец во Пелистер покрај Менде Степановски и Аце Крстески. Претходно покрај за Пелистер, Горан Ганчев во нашата земја настапуваше и за Работнички, Тиквеш, Металург, Милано и Башкими. Беше дел од Железничар и Вележ во БиХ, Интер од Запрешиќ во Хрватска, Медан и Персебаја во Индонезија и Бусаитен во Бахраин. Исто така тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски на позицијата централен дефанзивец ги има на располагање и Тони Магловски и Христијан Атанасовски. 

Нема коментара:

Постави коментар