Powered By Blogger

6. 4. 2014.

Ивановски не настапи, нов пораз на Астра

НАПАЃАЧОТ НА АСТРА НЕ НАСТАПИ, А НЕГОВИОТ КЛУБ ВЛЕЗЕ ВО НЕГАТИВНА СЕРИЈА
Мирко Ивановски не настапи, а Астра Плоешти го загуби тешкото гостување кај Брашов со 2:1 во рамките на 26 коло на романската прва лига. Кристеа во 35 минута ги доведе домашните жолти во водство, а со тој минималец се отиде на одмор.
Григорие во 56 минута зголеми на 2:0 и се што направија до крајот гостинските бело-црни беше само почесен погодок. Гаман во 77 мин успеа да го ублажи поразот. Астра остана на 53 бода на втората позиција, сега само 4 повеќе од трето пласираната екипа на Петролул. Веќе од поодамна извесно е дека стар-нов првак ќе биде Стеауа на Даниел Георгиевски. 

Нема коментара:

Постави коментар