15.04.2014.

Илиоски втор на мото-крос трката во Турција

И ВО ТУРЦИЈА БЛЕСОК НА БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН
Втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос овој викенд се возеше на патеката Хајраболу во Турција, а на неа учествуваа тројца македонски претставници: Борче Костов во класата МХ3, Андриан Ристевски во класата МХ85 и Христијан Илиоски во класата МХ1.
Популарниот Кико во најсилната класа го освои второто место, и со тоа го обезбеди вториот пехар во сезоната во Источно Европскиот шампионат, откако на првата трка во Серес финишираше како третопласиран. Илиоски имаше одлична можност да дојде и до победа на оваа трка, откако по стартот се најде на петтата позиција, но за кратко време успеа да ги помине сите возачи.
Во класата МХ1 заради лошите временски услови се возеше само една трка, по која во генералниот пласман водечки е Адријан Радута (Романија) со 72 бода, втор е Тодор Тотев (Бугарија) со 67 бода, а на третата позиција е нашиот Илиоски со 62 бода. Нашиот претставник во класата МХ85 Андријан Ристевски го освои петтото место во Хајраболу. Заради лошите временски услови и во оваа класа се возеше само една трка, а за Ристевски ова се први бодови откако на првата трка во Грција имаше проблеми со моторот и не ги заврши двете трки. Во класата МХ3 го имавме Борче Костов кој во конкуренција од 35 возачи на првата трка заврши на 11 позиција, односно 5-ти во класата Ветерани, а на втората трка финишираше на 13 позиција, односно 6 во својата класа. Следната трка се вози на 8 јуни на патеката Бузо во Романија.

Нема коментара:

Постави коментар