12.04.2014.

Крајова и Китановски први во пресрет на плеј-офот

БИВШИОТ БЕК НА ПЕЛИСТЕР НАСТАПИ ЦЕЛ НАТПРЕВАР, А НЕГОВИОТ ТИМ ГО ОСИГУРА ПРВОТО МЕСТО ПРЕД ПЛЕЈ-ОФОТ
Томе Китановски одигра 90 минути, а во пресрет на плеј-офот неговата екипа Универзитатеа Крајова го осигура првото место со победата над Мјовени со 2:0.
Пред 2500 гледачи на домашен терен, екипата на бившиот десен бек на Пелистер, дури во финишот го скрши отпорот на противникот. Чурелеа во 76 и Валскис во 85 минута ги постигнаа головите за сино-белите. Универзитатеа е лидер со 49 бода после 22 натпревари, со огромни 12 бодови повеќе од второпласираниот тим на Решита. Во наредното коло екипата на Китановски му гостува на Олт Слатина, наредниот петок на 18 април во 12 часот по романско време. 

Нема коментара:

Постави коментар