Powered By Blogger

5. 4. 2014.

Неделковска најдобра битолска спортистка во 50 јубилеен избор

И ОВАА ГОДИНА ДАМА Е НАЈДОБАР СПОРТИСТ НА БИТОЛА ЗА ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Сојузот на спортови на Битола ја одржа јубилејната 50 церемонија на која ги прогласи најдобрите за 2013 година.
Една од најтрадиционалните манифестации во Битола прослави половина век, а победничка на изборот за 2013 година е Дијана Неделковска од ЗА-НЕД-ДО клубот, со освоени четири злата од светското првенство за боречки вештини во Атина. Нејзиниот меѓународен резултат имаше најголема тежина и трета година по ред Битола има жена за добитник на престижното признание. Веднаш зад неа се класифицираше тројниот првак и носител на „Златна Кацига„ во мото-крос Борче Костов од „ЛТД Спортс„ клубот кој беше прогласен за најуспешен во градот за минатата година.
Листа на 10 најдобри спортисти за 2013 година:

1. Дијана Неделковска (ЗА-НЕД-ДО)
2. Борче Костов (МК ЛТД Спортс)
3. Ана и Саша Грбиќ (ПСК Димитар Илиевски - Мурато)
4. Илинка Ристевска, Ивана Николовска и Влатко Крбалевски (ПСК Пелистер)
5. Александар Најдовски (Кик-бокс клуб Самурај)
6. Денис Мухаремовски (БК Бранител)
7. Иван Крстевски (КГС Партизан)
8. Ангела Шеровска (ЖФК Топ-гол)
9. Ана Иванова (СК РЕК Битола)
10. Никола Гулевски (МК ЛТД Спортс)

Најдобри надежни спортисти:

Маја Кузмановска (Кунг-фу клуб Битола)
Иван Симоновски (ОК Орка)
Христијан Петровски (СК Јане Сандански)
Христијан Кебакоски (КГС Партизан)
Илија Ристевски (Кик-бокс клуб Зан-Шин)
Сара Спировски (КК Младост)
Горјан Србиновски (БК Бранител)
Никола Димитровски (ФК ЛГ Битола)
Милена Крстевска и Димитар Кимовски (ТСК Степ)
Христијан Станковиќ (МК Мотостарс)
Филип Макаловски (ЏК Пелистер)
Мартин Тодоровски (СПД Олимпик)
Мартин Трсунов (КК Јуниор)
Ѓорѓи Кузмановски (АК Олимп)
Мила Мандиќ (ЖКК Пелистер)

Најдобри екипи:

1. МК ЛТД Спортс
2. ШК Стево Патако
3. ЖФК Топ-гол

Најдобри млади екипи:

1. РК Пелистер
2. СК РЕК Битола
3. КК Младост и ФК ЛГ Битола
Најдобар спортист со инвадилитет
Оливера Наковска Бикова

Најдобри професори по физичко воспитување

Петре Мартиноски  (основни училишта)
Влатко Гроздановски (средни училишта)

Признанија за Ноќната трка по повод 4 Ноември

ОУ Коле Канински
СДУ Таки Даскало
Училишен спортски клуб КОКА
Училишен спортски клуб Гимназијалец

Посебни признанија

Д-р Петар Илиевски
Ѓуро Илиќ
Сашо Ристевски (спортски новинар)
Зоран Мишевски (спортски новинар)

Сојузот на спортови обелодени дека од наредната година комплетно ќе биде изменет концептот, критериумите и изгледот на оваа манифестација. Најверојатно ќе бидат вклучени и битолските спортисти кои настапуваат за другите клубови ширум Македонија и ширум светот. Исто така во план е изборот за најдобрите за 2014 година да биде збогатен со присуство на голем дел од досегашните добитници во првите 50 години од изборот.

Нема коментара:

Постави коментар