Powered By Blogger

24. 4. 2014.

„Празно множество„ на Филип втори

РЕМИ БЕЗ МНОГУ ЕМОЦИИ ВО ПОСЛЕДНОТО ТРЕТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА
Прва фудбалска лига - 29 коло
Вардар - Пелистер 0:0

Национална арена „Филип Втори“ - Скопје. Гледачи: 1000
Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески и Лазе Чакарески (Струга)
Делегат: Ацо Алексоски (Прилеп)
Стрелци: нема
Жолти картони: Иванов, Рељиќ, Ѓорѓиев (Вардар), Христов, Ковачев, Пашовски, Трајковски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Вардар:
Захов, Таневски, Петров, Ловречиќ (од 15м. Блажевски), Иванов, Рељиќ, Стојчевски (од 55м. Бојовиќ), Ивановски, Деспотовски, Лазаревски, Грозданоски (од 76м. Ѓорѓиев) 

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Драгарски, Ковачев, Петковски, Мојсов, Христов , Анастасов, Елмазовски (од 77м. Мустафов), Миленковски (од 90м. Љамчевски), Воденичаров

Играч на натпреварот:
Мартин Ковачев (Пелистер)
По дождливо време, последното вечно дерби оваа сезона беше од огромна важност за двете екипи. Но мечот започна предвидливо, со многу грешки и без шанси. Домашниот тренер Андреев мораше принудно да менува во 15 минута, кога на местото на Ловречиќ го внесе Блажевски. Иванов во 18 минута со глава ја имаше првата шанса за Вардар, но Ковачев постави глава и топката заврши во корнер. Пелистер возврати по акцијата на Илир Елмазовски во 21 минута, но неговиот центаршут заврши кај домашниот дефанзивец Таневски, кој расчисти во корнер. Две минути подоцна од голема далечина се обиде Ковачев, но Захов во два наврати успеа да одбрани.  Најзрелата шанса ја имаа скопјани преку Иванов во 38 минута, но неговиот удар со глава заврши над пречката. На почетокот на 40 минута Филип Ивановски биеше од работ на шеснаесетникот, но за неколку метра топката заврши крај дирекот. Најубавата гостинска акција ја изведоа Анастасов и Миленковски, но левоногиот битолчанец упати нешто помеѓу удар и центаршут и пропадна ветувачка акција на момците на Бочевски. Прескромно прво полувреме во кое ниту една од екипите не заслужи да се радува. Мирно почна и второто полувреме, а домашната клупа мораше и втор пат принудно да менува откако Бојовиќ влезе на местото на повредениот Стојчевски. Мечот влезе во летаргија и двете екипи ризикот го сведоа на минимум. Зрелите шанси беа вистинска реткост, а голманите немаа потреба да интервенираат. Во 70 минута по една збркана акција на црвено-црните Гроздановски со глава биеше од неколку метри, но Пашовски без проблеми одбрани. Голманот на битолчани го скроти и ударот на Филип Петров од свртување во 76 минута. Првата замена Драган Бочевски ја направи во 77 минута, кога на местото на Елмазовски во игра влезе Бурхан Мустафов. Во 88 минута Пелистер изведе прекрасен контранапад повлечен од Анастасов, кој двојно проигра со Брдаровски и биеше, но од 10-11 метри неговиот удар заврши над голот. Во 91 минута по акцијата на Петров, бугаринот Ковачев исфрли во корнер, по кој имаше голема гужва, но битолската одбрана успеа да расчисти. И по пет минути судиско надополнување резултатот не се менуваше и Вардар и Пелистер по ова второ последователно реми остануваат на петтото, односно четвртото место.    

Нема коментара:

Постави коментар