Powered By Blogger

21. 4. 2014.

Важна плеј-оф победа на Универзитатеа Крајова

КИТАНОВСКИ НЕ НАСТАПИ, НО УНИВЕРЗИТАТЕА КРАЈОВА НЕ ГИ ДАВА БОДОВИТЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
Патот кон Првата романска лига, Универзитатеа Крајова на Томе Китановски го почна со првата плеј-оф победа на домашен терен. Совладана е екипата Олт Слатина со 4:1. Китановски не настапи и целиот меч го одгледа од клупата, а за екипата на Габриел Балинт головите ги постигнаа Плесан во 12 и 48, Изворану во 60 и Чурелеа во 85 минута.
Единствениот гол за гостите го постигна Кист во 89 минута. Тимот на Китановски е лидер во новоформираната табела за промоција во Првата лига со 20 бода, 2 повеќе од второ пласираната екипа на Муреш. Во наредното коло в сабота пак на домашен терен, Универзитатеа Крајова го дочекува тимот на Глорија Бистрица.   

Нема коментара:

Постави коментар