Powered By Blogger

12. 4. 2014.

Нова катастрофа на битолските кошаркари

ПОРАЗ ОД 27 РАЗЛИКА ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО МЕЧОТ СО ДИРЕКТНИОТ КОНКУРЕНТ

Вардар Апаве - Пелистер 101:74 (20:18, 39:10, 21:23, 21:23)

Нов очекуван и висок пораз на кошаркарите на Пелистер, кои во Скопје лесно со многу слаба втора четвртина го загубија мечот со Вардар Апаве со 27 поени разлика.
Момците на Печалов демотивирани по катастрофалните два порази од Карпош Соколи и оној тесен во Струмица, комплетно се предадоа и не успееа да парираат во ниту еден сегмент на кошаркарската игра. Во победничката екипа на Вардар Апаве најефикасни беа Вест со 25, Пајиќ со 15 и Сандриќ со 13 поени. Кај зелените од Битола српските кошаркари единствени заслужуваат пофалби. Како и на секој натпревар Миљан Радисављевиќ со 30 и Мико Голубовиќ со 21 поен беа најпозитивни во битолскиот тим. Впрочем тие двајца постигнаа две третини од поените на гостинската екипа. По ова трето коло од плеј-аут лигата, по 18 одиграни меча Пелистер е последен со само 19 бода и во наредното 19 коло го дочекува истиот противник Вардар Апаве на 23 или 24 април.

Нема коментара:

Постави коментар