02.04.2014.

Пораз и завршно шесто место за пелистерки

ОЧЕКУВАНО ПОБЕДА НА РАБОТНИЧКИ ВО БИТОЛА ЗА КРАЈ НА РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
Пелистер - Работнички 50:77

Кошаркарките на Пелистер со очекуван домашен пораз од Работнички ја завршија сезоната во женската прва лига.
Тешко беше да се очекува да се совлада Работнички, кој има плеј-оф амбиции. Во ниту еден момент младата битолска екипа не беше во мечот, а на моменти Работнички имаше 35 поени предност. Сезоната пелистерки ја завршија на шестото место со 12 бода и зад Пелистер на местото кое води во втората лига се наоѓа Ваис Профил од Кавадарци, со ист број на бодови како и Пелистер, само што ги загуби двата меча со битолчанки. Со оглед на тоа што Пелистер има многу млада екипа, ретко тренираат заедно и се далеку од професионалки, овој резултат е одличен за спорт како женската кошарка во Битола. Бадел - Вардар Младинец и Работнички - Клубски се двата полуфинални плеј-оф парови за оваа сезона. 

Нема коментара:

Постави коментар