Powered By Blogger

20. 4. 2014.

Драгарски погоди за прекин на поразите

ПО ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ, ГОЛЕМА ПОБЕДА НА БИТОЛЧАНИ ПРОТИВ ЕУРОМИЛК
Прва фудбалска лига - 28 коло
Пелистер - Еуромилк 1:0 (1:0)


Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 1200
Главен судија: Далибор Ѓорѓевски
Асистенти: Гоце Николов и Орце Стефановски (сите од Куманово)
Стрелец: Драгарски во 23 минута
Жолти картони: Брдаровски, Миленковски, Петковски (Пелистер), Стојковски, Мицков (Еуромилк)
Црвен картон: Стојковски (Еуромилк) во 50 минута

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Магловски, Петковски, Миленковски, Анастасов, Христов (од 86м. Динчев), Љамчевски (од 46м. Елмазовски), Марковски (од 22м. Мустафов), Воденичаров

Еуромилк:
Маџаровски, Глигоров, Абдула, Стојковски, Јовановски (од 68м. Тодоровски), Лескароски, Мицков (од 79м. Кордиќ), Јашаровски (од 46м. Каланоски), Димовски, Туфелчиќ, Стојановски

Играч на натпреварот:
Христијан Драгарски (Пелистер)

Фудбалерите на Пелистер им се вратија на победите и по два последователни порази, славеа против Еуромилк со 1:0 со голот на младинскиот репрезентативец Христијан Драгарски во 23 минута. Во тежок меч, во кој избраниците на Бочевски играа без неколку стандардни првотимци, одлучи голот на централниот дефанзивец, по центаршутот на Александар Анастасов. Во меч во кој немаше многу шанси во првото полувреме, битолчани играа многу полесно откако во 50 минута беше исклучен Стојковски. Најзрелата шанса за втор гол, тие ја имаа преку Елмазовски, кој влезе во вториот дел и по акцијата на Миленковски изби сам пред Маџаровски, но не биеше најпрецизно. Последните 20 минути беа полни со тактизирање, практично без игра и со тенденција на домашната екипа спокојно да го приведе мечот кон крај. Во што и момците на Бочевски успеаа. Витална победа за зелените, која скапо ја платија со повредите на Марковски и Љамчевски, кои се неизвесни за „вечното дерби„ во среда во Скопје против Вардар. Пелистер и по ова коло е на места кои водат во фудбалска Европа, не така далечен и од првата позиција. Можеби пред пелистерци е најважната недела со мечевите со Вардар и Работнички.  

Нема коментара:

Постави коментар