Powered By Blogger

5. 4. 2014.

Трајковски асистент, победа на Мехелен кога никој не очекуваше

ПО ДВА МЕСЕЦИ, МЕХЕЛЕН СО ВАЖНА ГОСТИНСКА ПОБЕДА, НО ПАК ПАЧОВСКИ НЕ НАСТАПИ
По серијата неуспеси најмакедонскиот клуб во белгиската Џупилер Про лига, Мехелен забележа неочекуван триумф во предградието на Бриж, победувајќи го Серкл Бриж со 0:1.
Трајковски одигра 85 минути и беше асистент на единствениот гол во 12 минута, кога Јанкер го постигна победоносниот гол. Томче Пачовски остана на клупата за резерви, бидејќи Веркаутерен пак доверба му укажа на Бебо. Со оваа победа Мехелен ги освои првите бодови во Б групата од доигрувањето за место во Лига Европа. Наредниот викенд во третото коло од оваа фаза, Мехелен му гостува на Кортријк на 12 април.

Нема коментара:

Постави коментар