12.04.2014.

Aстра конечно слави, Ивановски на клупата

ПОБЕДА НА КЛУБОТ НА ИВАНОВСКИ, НО БИТОЛЧАНЕЦОТ ОСТАНА НА КЛУПАТА ЗА РЕЗЕРВИ
По серија на нерешени резултати и порази, Астра Плоешти на македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски забележа важна домашна победа.
Во рамките на 27 коло на романската Прва лига, бело-црните од Плоешти го совладаа тимот на Конкордија со 1:0 со голот на Алибец во 41 минута. Нашиот интернационалец не добива шанса кај новиот тренер Марин и пак беше на клупата за резерви. Астра остана на второто место на табелата со 56 бода, 6 помалку од лидерот и шампионот Стеауа. В среда Астра го игра натпреварот на сезоната, возвратниот меч од полуфиналето на Купот против градскиот ривал Петролул. 

Нема коментара:

Постави коментар