17.04.2014.

Против Еуромилк без Мојсов и Ковачев

ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА ДРАГАН БОЧЕВСКИ ПРЕД САБОТНИОТ МЕЧ СО ЕУРОМИЛК
Како поразот од Металург да не беше единствената лоша вест за навивачите на Пелистер, подготовката за мечот со Еуромилк в сабота исто така не носи ништо добро за зелените. Заради акумулација на жолти картони дефанзивецот Мартин Ковачев и фудбалерот за врска Ѓорѓи Мојсов нема да настапат против прволигашот од Лисиче.
На вчерашниот тренинг се повреди и Тони Магловски и битолчани имаат евидентен недостиг на централни дефанзивци. Им преостанува само Христијан Драгарски и ако Магловски не се опорави, тогаш многу веројатно меѓу Брдаровски, Динчев или Христов еден ќе игра во „срцето„ на одбраната, иако тоа не е негова природна позиција. Многу често во првиот дел од сезоната на позицијата централни дефанзивци, Пелистер играше со Брдаровски и Китановски, иако двајцата играат на бековската позиција. 

Нема коментара:

Постави коментар