Powered By Blogger

5. 4. 2014.

Значајни бодови за Дамчевски и Черноморец во борбата за опстанок

НЕСРЕЌЕН ПОРАЗ ВО БУРГАС ЗА КИРЕ РИСТЕВСКИ И НЕГОВАТА СЛАВИЈА
Во мечот на двата македонски интернационалци меѓу себе во бугарскиот шампионат, Черноморец Бургас ја совлада Славија Софија со 2:1, а двајцата македонци Дамчевски и Ристевски го одиграа комплетниот натпревар.
Сандански во 28 минута ги доведе гостите во водство, но во вториот дел пресвртот го најави Фонсеја со израмнувачки гол во 68 минута. Кога заради два жолти картони, исклучен беше гостинскиот лев бек Панов, иницијативата на домаќините стана уште поизразена. Ангелов во 80 минута погоди за важна победа за Черноморец на Дамчевски. Тимот од Бургас со 34 и Славија Софија со 37 бода се борат да го избегнат последното место кое води во втората лига. Извесно е дека во понизок ранг на натпреварување ќе играат Гоце Делчев, Љубимец и Нефтохимик Бургас. 

Нема коментара:

Постави коментар