Powered By Blogger

17. 4. 2014.

Италијанскиот Емполи ќе скаутира во Битола

ПО АРСЕНАЛ И КЕЛН, УШТЕ ЕДНА ЕКИПА ОД ЗАПАДНА ЕВРОПА ЌЕ ОРГАНИЗИРА СВОЈ КАМП ВО МАКЕДОНИЈА
Спортската организација СПОРТ ТАЛЕНТ од Битола со фудбалската академија ИСМ и ФК Емполи од Италија наредниот месец од 22 до 25 мај во Битола ќе организираат тренинг камп, кој ќе претставува директна техничка селекција за млади фудбалски таленти од 12 до 18 години.
Двата најдобри играчи како награда ќе имаат бесплатна можност да учествуваат на еднонеделна национална селекција за млади фудбалери во Италија, каде освен што ќе бидат евалyирани и оценети од скаутите и тренерите на организаторите, ќе бидат скаутирани и од претставници од тимовите на Фиорентина, Лацио, Сиена, Перуџа, Фолињо и други. Селекцијата ќе биде направена директно од скаут од италијанската академија на Емполи, а во техничкиот дел околу одржувањето и спроведувањето на тренинзите ќе помагаат Златко Цветаноски (ТАЛЕНТ Фудбалска школа), Лазе Гаштаров (ЛГ Фудбалска школа), Димитар Капинковски (УЕФА А лиценца) и Пеце Талевски (ТОТАЛ ФУДБАЛ фудбалска школа). Кампот ќе се одржи на терените во Битола, а подршка за идеата стигнува од сите страни. Оваа манифестација ќе стане традиционална и за очекување е секој мај, Емполи да скаутира во Македонија. Претходно во нашата земја свој камп организираа англискиот Арсенал и германскиот Келн.

Нема коментара:

Постави коментар