Powered By Blogger

9. 4. 2014.

Пелистер ги „наплати сметките„ со Металург Јуниор

ПРЕЛЕСНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ НАЈМЛАДИОТ СУПЕР ЛИГАШ, ПЕТ НЕДЕЛИ ПО ПОРАЗОТ ВО СКОПЈЕ
Пелистер - Металург Јуниор 36:27 (20:12)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1000
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски (Скопје)
Делегат: Камер Металари (Скопје)
Црвен картон: Манасков (Металург Јуниор) во 36 минута

Пелистер:
Нкунгуа (7 одбрани), Божиновски (1 одбрана), Вакаруз (7 одбрани), Јуравлиов 2, Георгиевски 2, Кузмановски 1, Дрогришки, Бесарат 2, Чурлевски 8, Ракочевиќ, Вешовски 3, Блажевски 7, Димитровски 4, Јанев 3, Филиќ 2, Илиевски 2,Талевски
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути

Металург Јуниор:
Кимевски (4 одбрани), Ивановски (2 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Бошковски 1, Бор. Маџовски 1, Костески 1, И.Крстевски 3, Манасков 1, Велковски 3, Маркудов, Талевски 7, Давитковски, Бој. Маџовски, Г. Крстевски 7, Палевски 3

Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути


Домаќините полетно го започнаа мечот и по „нотите„ на Филип Чурлевски автор на 5 гола и 2 асистенции во првите 13 минути, момците на Петрески се одлепија до 9:4 за тајм-аут на гостинскиот тренер Јовиќ. Гостите полека фатија ритам, посебно по двојното исклучување на Георгиевски и Чурлевски и преку Талевски и Горан Крстевски намалија на 14:9 за тајм-аут на Петрески во 21 минута. До одморот гостите се доближија до 14:11, но пак триото Чурлевски-Димитровски-Блажевски се погрижи за одлепување од +8 по 30 минути игра. Инерцијата на мечот продолжи како и во второто полувреме. Блажевски реализираше лесно од контранапади, а Крис Нкунгуа продолжи онаму каде што застана Вакарук. Во 47 минута стигна и првата двоцифрена предност со голот на Дарко Јанев (25:15). Петрески им даде шанса буквално на сите свои ракометари и првите вибрации пред плеј-офот беа позитивни за битолчани. И без повредениот Данијел Вукичевиќ, многу подобро издание и победа од мечот пред пет недели во Скопје, кога во Скопје славеше младиот тим на Александар Јовиќ.   

Нема коментара:

Постави коментар