Powered By Blogger

27. 4. 2014.

Новески и Мајнц по втор пат во евро-куповите

ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО БУНДЕСЛИГАТА
Николче Новески и неговиот Мајнц со денешната победа од 2:0 над Нирнберг се зацврстија на шестата позиција на табелата, па на едно коло до крајот на сезоната го заверија својот пласман во Лигата на Европа за следната сезона.
Мајнц ја искористи предноста од домашниот терен и преку Оказаки во 30 и Мориц во 44 минута не ја пропуштија можноста да го заверат пласманот во Лигата на Европа, а со тоа да го испратат Нирнберг во втората германска лига, кој ги загуби и сите теоретски шанси за опстанок во лигата.

Нема коментара:

Постави коментар