Powered By Blogger

5. 4. 2014.

Мајнц поразен, Новески одигра цел натпревар

ГОСТУВАЊЕТО ВО ФРАНКФУРТ НЕМА ДА ГО ПАМЕТАТ ПО ДОБРО НОВЕСКИ И СОИГРАЧИТЕ
Многу брзо, за неполна недела Николче Новески се опорави од повредата здобиена на загревањето пред мечот со Аугсбург и настапи 90 минути во соседното дерби на неговиот Мајнц 05 против Ајнтрахт во Франкфурт.
Иако мечот изобилуваше со шанси, до 52 минута се чекаше на откривање на резултатот. Шпанецот Хоселу ги доведе домашните црвено-црни во водство. Во 85 минута напаѓачот Андре Мајер преку контранапад ја потврди победата на Ајнтрахт Франкфурт. Десетти пораз во сезоната за Мајнц на Николче Новески, чија што екипа по ова 28 коло падна на седмото место со 44 бода. Наредната сабота од 15:30 часот во рамките на 29 коло, Мајнц 05 го дочекува Вердер.  

Нема коментара:

Постави коментар