Powered By Blogger

20. 4. 2014.

Новески и Мајнц немаа сили за подвиг во Дортмунд

ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ПРЕСИЛЕН ЗА ЕКИПАТА НА НОВЕСКИ
Во најспектакуларниот натпревар од 31 коло на Бундеслигата, европскиот вицешампион Борусија Дортмунд го совлада Мајнц 05 на Николче Новески со 4:2 на „Сигнал Идуна пар„ во Дортмунд. Новески ги одигра сите 90 минути, во меч кој беше дуел на Јирген Клоп против неговата бивша екипа.
Офанзивните жолто-црни од Дортмунд поведоа уште во 6 минута со голот на Јојиќ. Многу брзо, 8 минути подоцна јапонецот Оказаки израмни на 1:1. По акцијата на Михтаријан, најдобриот домашен стрелец Левандовски го врати водството на домаќините. Пак Оказаки во 53 минута му донесе на Мајнц егал, но црвените немаа сили за поголем подвиг. Пишчек во 56 и Ројс од пенал во 79 минута ја продолжија позитивната серија на Борусија Дортмунд. Мајнц останува на седмото место, кое води во Лига Европа со 47 бода и во наредното коло го дочекува Нирнберг наредната сабота од 15:30 часот.  

Нема коментара:

Постави коментар