Powered By Blogger

8. 4. 2014.

Утре презентација за изгледот на новиот „Тумбе кафе„

ДАЛИ СЕ ПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР БИТОЛА ДА ДОБИЕ НОВ МОДЕРЕН СТАДИОН
Скопската фирма „Мегарон Инжинеринг„ утре на пладне во просториите на Советот на општина Битола ќе изврши едночасовна презентација за тоа како треба да изгледа новиот стадион „под Тумбе кафе„ чија што градба ќе му биде доверена на оваа компанија.
Презентацијата е од отворен тип и ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани, главно вљубеници во спортот. Покрај претставници на ФК Пелистер и навивачите покажуваат голем интерес за идниот изглед на битолскиот стадион. По презентацијата ќе има отворена можност за совети, дополнувања и предлози за да се дојде до најдоброто можно решение. Една од дилемите е дали стадионот да има атлетска патека или да биде типичен фудбалски со трибините блиски до тревнатиот терен. Веројатно утре ќе биде направен првиот чекор, Битола да добие нов и модерен фудбалски стадион.

Нема коментара:

Постави коментар