17.04.2014.

Спартак победи по четири и пол месеци


ПО 11 МЕЧЕВИ БЕЗ ПОБЕДА, ПРВА ПРОЛЕТНА РАДОСТ ЗА ЕКИПАТА НА БИВШИОТ СЕЛЕКТОР
Откако беше елиминирана од Купот и ги загуби шансите за излез во Европа, екипата на Спартак Златибор вода на Драган Канатларовски игра за престиж во српската Јелен Супер-лига и никако не успева да влезе во ритам.
Попладнево во вонредното 24 коло, сините славеа за прв пат во пролетниот дел и за прв пат во 2014 година. Избраниците на бившиот селектор го совладаа Вождовац на домашен терен со 1:0 со голот на Тривуновиќ во 24 минута. И со оваа победа Спартак остана на 9 место со 29 бода и во наредното 25 коло, наредниот вторник пак игра на домашен терен против Раднички Крагуевац. Дури на 11 последователни натпревари екипата на Канатларовски не знаеше за победа. Последен триумф беше оној против Партизан од 2:0 на 4 декември минатата година.    

Нема коментара:

Постави коментар