Powered By Blogger

3. 4. 2014.

Наскоро историјата на битолскиот фудбал на 1000 страници

ОД НАСТАНАКОТ, ПРЕКУ РАЗВОЈОТ И УСПЕСИТЕ НА БИТОЛСКИОТ ФУДБАЛ, НАСКОРО И ВО НОВА КНИГА НА ДИМЧЕ МИНОВСКИ
Доајенот на битолското спортско новинарство 72 годишниот Димче Миновски го подготвува своето најново дело посветено на фудбалот во Битола.
Имено новинарот и хроничар од Битола наскоро ќе ја објави книнагата за „Фудбалот во Битола„ на 1000 страници, што претставува антологија на битолскиот фудбал, од почетоците, до развојот, се до 1991 година и почетокот на македонското фудбалско првенство. Подоцнежниот период во нашата држава ќе добие простор во нова книга. Целта е оваа книга да биде официјализирана и претставена ова лето, можеби и со најголемиот успех на битолскиот клубски фудбал, преку главниот носител Пелистер. Претходно Миновски напишал многу книги, а во последните 1-2 години ги промовираше книгите за „Спортот во Битола„ и „Ракометот во Битола„ а ја подготвува и историјата на боксот во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар