15.04.2014.

Бочевски ќе ги води најдобрите од Првата лига

ТРЕНЕРОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА КОИ ЌЕ ГИ ПРЕДВОДАТ НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ ОД ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, на 30 април ќе ги тестира најдобрите фудбалери од Првата МФЛ, на ревијален натпревар што ќе се одигра на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“.
Ѓуровски одржа работен состанок со тренерите на Пелистер и на Ренова, Драган Бочески и Ќатип Османи, кои треба да бидат предводници на двата тима. Во планот на селекторот е собирот на играчите да биде на 29 април, а натпреварот ќе се одигра ден подоцна, на 30 април 2014 година, по што повиканите играчи повторно ќе се стават на располагање на своите клубови.

Нема коментара:

Постави коментар