Powered By Blogger

2. 4. 2014.

Голови оваа сезона Пелистер ќе чека од црногорецот Вукичевиќ

НОВОПОЧЕНИОТ ЦРНОГОРСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕОЧЕКУВАНО СЕ НАМЕТНА И ЗА КРАТКО Е ДВИГАТЕЛ НА БИТОЛСКИОТ СУПЕРЛИГАШ
Даниел Вукичевиќ дојде во Битола во последен момент пред еден и пол месец и тоа на мала врата.
Претходно беа доведени 6-7 нови ракометари од цела Европа, но се чини дека најмногу воодушеви новиот црногорски репрезенатативец. Вукичевиќ има 23 години, роден е во Плевља и негов матичен клуб е Рудар за кого настапуваше два пати. Ги бранеше боите и на Будучност, Слога и Ловчен пред да се пресели во Битола: „Имаше шанса да дојдам и порано во Пелистер. Пред две сезони добив покана од Ратко Џурковиќ кога го водеше Пелистер, но тогаш не можев да го напуштам Ловчен. Разликата меѓу црногорскиот и македонскиот ракомет е евидентна. Кај нас се чини дека цел ракомет е Ловчен. Тука имате две екипи кои се најсилни на Балканот и уште неколку многу добро организирани и квалитетни кои играат во лигата. За традицијата на Пелистер знам буквално се. Наша цел е да се обидеме да завршиме на третото место веднаш зад Металург и Вардар. Мислам дека сега почнува најинтересниот дел од сезоната и со нетрпение го чекам„ ни рече Вукичевиќ, кој по крилнит ракометар Вујовиќ е втор црногорски ракометар кој го носи зелениот дрес на Пелистер. 
Младиот лев бек кој пред неколку дена пријатено беше изненаден со повикот во националната репрезентација, упати низа комплименти на адреса на тренерот Петрески: „Една од причините заради кои дојдов е и тренерот. Иновативен е, комуникативен, работиме одлично, разноврсни се тренинзите и верувам дека сите ќе напредуваме во вој период во Пелистер. Вукичевиќ верува дека ова е само увертира за наредната сезона во која Пелистер треба да биде уште посилен и со евентуалното враќање на европските натпревари, целиот град да живее за мечевите на клубот. Вукичевиќ веќе е во татковината во Бијело Поље каде заедно со репрезентативните колеги и новиот селектор Обрадовиќ ќе тренираат во пресрет на двата контролни мечеви со Тунис во рамките на ЕХФ неделата: „Секој млад спортист сонува да ја заслужи репрезентацијата. Потајно се надевав дека ќе бидам повикан и одам да се наметнам. За мене е голема чест што ќе можам да ја претставувам мојата земја„ заклучи корпулентниот Вукичевиќ кој со само 3-4 натпревари се издвои како засилување со најголем простор за напредок и евидентна вредност во сегашниот ростер на пелистерци.    

Нема коментара:

Постави коментар