Powered By Blogger

6. 4. 2014.

Подвиг на кугларите на Хераклеа - второпласирани во Купот во Скопје

ИСТОРИСКИ ПОДВИГ НА БИТОЛСКОТО КУГЛАЊЕ - ПРВ ОБЕЗБЕДЕН ПЛАСМАН ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
Кугларите на Хераклеа се надминаа себеси и го освоија второто место на Претседателскиот Куп на Македонија, кој овој викенд се одржа во СЦ „Борис Трајковски„ во Скопје. Огромен подвиг на екипата од Битола која зад себе остави тимот како Работнички, ГТЦ, Империјал Тобако кои во првенството подобри стојат од битолчани.
Како и секоја година победник беше Макпетрол, кој е категорија над останатите клубови во нашата земја. Со овој голем успех, ако првакот Макпетрол ја претставува нашата земја во светскиот Куп, Хераклеа треба да се натпреварува во NBC Купот, кој во 2014 година ќе се одржи во Германија. КК Хераклеа кандидираше за организација на Купот и по ротациониот систем требаше да му припадне домаќинството на натпреварувањето во кугланата во спортската сала „Младост„ Но заради нелиценцираната куглана, Битола не можеше да го организира националниот Куп. Но тоа дополнително ги мотивира битолчани и момците на Михајловски покажаа неверојатен карактер до најголемиот успех на новоформираниот битолски клуб во историјата. Овој успех треба да биде темел за надградба на овој прекрасен спорт, а и за подобри услови во битолската куглана, за во иднина во нашиот град да се одржуваат и меѓународни натпревари.   

Нема коментара:

Постави коментар