Powered By Blogger

23. 4. 2014.

Никогаш поважно “вечно дерби„ во историјата

КОГА ВО ИГРА ОСТАНАА САМО 15 БОДА, ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР СО СВОИ СМЕТКИ ГЛЕДААТ НА ПОСЛЕДНИОТ МЕЃУСЕБЕН МЕЧ ОВАА СЕЗОНА
50 дена по последното „вечно дерби„ Вардар и Пелистер пак се соочуваат еден против друг во многу важен за меч за двете екипи и за расплетот во горниот дел на табелата. Битолчани по вчерашниот тренинг одпатуваа во главниот град во карантин, каде во мир ќе го подготвуваат едно од петте финалиња до крајот на шампионатот.
Марковски се повреди во раната фаза од мечот со Еуромилк, Љубенов и натаму е без работна дозвола, но во тимот се враќаат Мојсов и Ковачев кои ја излежаа казната заради жолти картони. Самиот податок дека играат со Вардар ги мотивира пелистерци, посебно во ситуација кога двете екипи се борат за титулата, а Пелистер има и предност на првенствената табела. Битолчани пак улогата на фаворит му ја препуштаат на црвено-црните, како би го префрлиле притисокот врз скопјани. Стрелецот на победоносниот гол против Еуромилк, Христијан Драгарски едвај го чека гостувањето кај најголемиот ривал: „И да не беше вака драматично на врвот на тебалата, самиот податок дека играме со Вардар не мотивира и го прави овој меч посебен. Знаеме дека сега доаѓаат директните дуели и мора да бидеме подготвени да не го прокоцкаме тоа што со успех и труд го градевме цела сезона. Сезонава игравме многу добро на националната арена против Вардар и многу лошо против Работнички, па верувам дека денес ќе го видиме оној Пелистер кој одигра одлично против Вардар на почетокот на март. Нашите навивачи секогаш се со нас и верувам дека пак ќе ни помогнат да направиме подвиг„ ни рече младинскиот репрезентативец. Бочевски нема голем избор на фудбалери на располагање во одбраната и нападот, па во средниот ред ќе има најмногу дилеми. Елмазовски и Љамчевски најверојатно ќе почнат од првата минута, иако свои опции да настапат имаат и Ристевски и Мустафов. 

Нема коментара:

Постави коментар