08.04.2014.

Фудбалското и ракометното „вечно дерби„ во ист ден или во два дена?

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ФУДБАЛСКИОТ И РАКОМЕТНИОТ ДУЕЛ НА РЕПРЕЗЕНТИТЕ НА ДВАТА СПОРТСКИ ГРАДА, БИТОЛА И СКОПЈЕ

Двата спортски најголеми градови-ривали Скопје и Битола кон крајот на април ќе имаат нова двојна меѓусебна спортска битка во двата најпопуларни спорта.
Имено на 23 април, најверојатно во попладневен или вечерен термин на националната арена „Филип втори„ Вардар и Пелистер ќе играат за првенствени бодови во рамките на 29 коло на Првата фудбалска лига. Со оглед на големата неизвеснот на врвот на табелата, извесно е дека овој меч ќе одлучува за многу работи на врвот на табелата. Предвидено е битолските навивачи „Чкембари„ пак во голем број да допатуваат во главниот град да ја бодрат својата екипа. За велигденскиот викенд 19 и 20 април, предвиден е и ракометниот дуел од 4 коло на плеј-офот помеѓу Пелистер и Вардар во спортската сала „Младост„ Но тој викенд, конкретно во понеделник на 21 април Вардар му гостува на Флензбург во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите и големи се шансите мечот да се помести неколку дена по враќањето на вардарци во нашата земја. Постојат шанси мечот да се игра во среда или четврток (23 и 24 април), како шампионот би имал доволно време да се одмори по патувањето од Германија кон Скопје. 

Нема коментара:

Постави коментар