Powered By Blogger

5. 4. 2014.

Црвена Звезда пресилна за Спартак на Канатларовски

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА И НАТАМУ БЕЗ ПОРАЗ, А СПАРТАК БЕЗ ПОБЕДА ОВАА ПРОЛЕТ
22 коло на српската Јелен Супер лига го донесе долго очекуваниот дуел за Драган Канатларовски на неговиот Спартак Златибор вода и Црвена Звезда, во чии што редови ги мина најдоброте фудбалски денови.
Со голот на Мијајловиќ во 22 минута црвено-белите поведоа со 0:1 и долго време го контролираа минималното водство. Бившиот репрезентативец Мрџа во 74 минута зголеми на 0:2, за најава за нова победа на лидерот. Но пет минути подоцна Шарац по гужва пред голот на белграѓани најдобро се снајде и погоди за 1:2. Црвена Звезда успеа да го сочува минималното водство и да ја задржи водечката позиција на табелата. Спартак и натаму е без пролетна победа и остана на деветто место со 26 бода. В сабота на 12 април од 16 часот, тимот на Канатларовски му гостува на Долни Срем во рамките на 23 коло.  

Нема коментара:

Постави коментар