Powered By Blogger

12. 4. 2014.

Металург го „освои„ Тумбе кафе

КОГА НАЈМНОГУ ТРЕБАШЕ, ПЕЛИСТЕР СЕ „СОПНА„ ПРЕД СВОИТЕ ГЛЕДАЧИ И ГО ПРЕПУШТИ ВРВОТ
Прва фудбалска лига - 27 коло
Пелистер - Металург 1:3 (0:2)

Фудбалерите на Пелистер го претрпеа вториот домашен пораз во сезоната и втор последователен по оној од Ренова во Тетово и во најпотребниот дел од сезоната го испуштија водечкото место. Битолчани како да изгореа во желбата против Металург и претрпеа тежок пораз кој за скопските зелени е реванш за ноемвриските 2:4 на Автокоманда.
Но, мечот можеше да се одвива многу поинаку ако најдобриот стрелец на Пелистер пролетва, бугарскиот интернационалец Димитар Воденичаров, не го промашеше пеналот во 21 минута. Воденичаров до овој натпревар имаше серија од шест гола на последните пет меча. По ова се разбуди Металург и со головите на талентираниот Марјан Радески во 30 и на Оливер Пеев во 45 минута донесе предност на полувремето со 2:0. Домашните се понадеваа на пресврт кога уште еден бугарски интернационалец во нивните редови, Љубомир Љубенов погоди од триесетина метри во 60 минута, но судбината им ја запечати Зоран Вујовиќ во 84. минута. Тежок удар за амбициите на Бочевски и неговите фудбалери, кои сега мора да се вадат в сабота во Битола против Еуромилк. Со триумфот, Металург, кој не знае за пораз на последните шест меча, се изедначи со Пелистер со по 47 бода, но со подобра гол-разлика.

Нема коментара:

Постави коментар