Powered By Blogger

5. 4. 2014.

„Златна„ победа на Крајова во Влчеа, за Китановски 5 минути

ИАКО ИГРАШЕ САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ, КИТАНОВСКИ СЛАВИ ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО РОМАНСКОТО ВТОРОЛИГАШКО ДЕРБИ
21 коло на романската Втора лига го донесе големото дерби на двете првопласирани екипи Влчеа и Универзитатеа Крајова. Томе Китановски не се најде во стартниот тим на гостинските плаво-бели.
Во 21 минута Чуралеа по акцијата на Варга ги доведе гостите од Крајова во водство. Тие водството го чуваа и покрај збрканата иницијатива на Влчеа. Во 85 минута гостинскиот тренер Габриел Балинт го повлече напаѓачот Ганеа, за да го внесе нашиот Томе Китановски, кој одигра нешто повеќе од 5 минути и неговата Универзитатеа Крајова го сочува водството. Голема победа, трета во серија оваа пролет за екипата на Китановски, која сега е водечка со 46 бода, убедливи 11 бода повеќе од Влчеа. Во наредното коло во Крајова екипата на Универзитатеа го дочекува осмо пласираниот Мјовени на 12 април во 16 часот.  

Нема коментара:

Постави коментар