30.04.2014.

Новиот Меси е битолчанец и игра во Славија Прага

ЧЕШКИТЕ МЕДИУМИ ЈАВУВААТ ЗА ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТ ВО ПРАШКА СЛАВИЈА
Откако како млад продукт на Ла Масиа, аргентинецот Лионел Меси „експлодира„ и четири пати беше прогласуван за фудбалер на годината, ширум светот „никнуваат„ новите Меси уште од мали години. Така и Македонија си има свој Меси.
Неговото име е Марио Крстевски и роден е во Прага на 14 април 2004 година. Неговите родители потекнуваат од Битола, но одамна се преселиле и живеат во главниот град на Чешка. 
На петгодишна возраст во 2009 година, Марио почна да тренира во една од најдобрите академии во Чешка, во Славија од Прага. Без разлика што два пати годишно, славниот чешкиот клуб прави селекција на младите момчиња, Крстевски и уште две момчиња веднаш се наметнаа и останаа да се надградуваат. Во 2012 година веќе неговите статистики меѓу врсниците стануваат застрашувачки. И чешките медиуми пишуваа за Марио споредувајќи го со Меси, бидејќи меѓу момчињата од 10 години, македонецот е таков голгетер што има повеќе голови од Меси на оваа возраст. Марио веќе собра десетици награди за најдобар играч, најдобар стрелец на шампионатите и турнирите во дресот на Славија. Низ цела Европа Крстевски растура носејќи го црвено-белиот дрес. 
На турнирите во Австрија, Франција, Холандија, Германија, Словачка, Шпанија, Полска против врсниците од Ајакс, Баерн, Феенорд, Евертон младиот битолчанец одскокнува со квалитетот, вродениот талент и техниката од која застанува здивот. Кога во 2012 година го освоија второто место на силниот турнир во Прага, со поразот од Баерн со 2:1 во финалето, Марио Крстевски беше прогласен за најдобар играч за фудбалери под 9 години и влезе меѓу тројцата најталентирани фудбалери во Чешка на негова возраст. Марио е заљубен во фудбалот, се усовршува и напредува и не помислува на ништо друго освен да стане професионален фудбалер. До овој момент оди по вистинскиот пат и не постои причина така да не биде и во иднина. 

Нема коментара:

Постави коментар