Powered By Blogger

10. 4. 2014.

Кико и другарите ја „освојуваат„ Турција

БИТОЛСКИТЕ МОТО-КРОСИСТИ ПРЕД ВТОРИОТ ИСТОЧНО ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИК
Овој викенд на патеката во Хајраболу (Турција) се вози втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, на кој Македонија ќе има тројца претставници: Христијан Илиоски, Борче Костов и Андриан Ристевски.
Најголема надеж за нашите фанови секако е настапот на Илиоски во најсилната класа МХ1, имајќи во предвид дека на првата трка го освои третото место и во генералниот пласман заостанува само 7 бодови зад првиот и второпласираниот. Кико со двете трети места во Серес во генералниот пласман има 40 бодови, додека пак неговите конкуренти Адриан Радута (Романија) и Тодор Тотев (Бугарија) имаат по 47 бодови. Во класата МХ85 се очекува солиден настап на Ристевски, кој покажа фантастично возење во Серес но за жал немаше среќа. На нашиот возач во првата трка му пукна ланецот, а во втората му се расипа моторот, иако имаше одлични шанси да се бори и за место на подиумот. Се надеваме дека викендов тој ќе го покаже својот потенцијал и спортската среќа ќе биде на негова страна и на Македонија ќе и донесе нови бодови од Источно Европскиот шампионат во мотокрос. Во класата МХ3 ќе настапи уште еден битолчанец Борче Костов, кој пред почетокот на сезоната најави дека целта е да ги извози сите трки од Источно Европскиот шампионат. Неуморниот „жолт“ покажува дека нема промена на планот и се надеваме дека ќе продолжи со солидните возења и ќе ја исполни својата цел.  Од вкупно 12 трки колку што беа закажани пред почетокот на сезоната до сега се возеше една, онаа во Грција, а втората трка која што требаше да се вози во Гевгелија беше откажана.

Календарот на преостанати трки изгледа вака:

13.04.2014 - Хајраболу, Турција

08.06.2014 - Бузо, Романија

15.06.2014 - Крешево, Босна и Херцеговина

22.06.2014 - Сливен, Бугарија

29.06.2014 - Глобаре, Србија

31.08.2014 - Самоков, Бугарија

14.09.2014 - Тројан, Бугарија

21.09.2014 - Прилеп, Македонија


19.10.2014 - Хинцести, Молдавија

Нема коментара:

Постави коментар