Powered By Blogger

14. 4. 2014.

Победа за Ристевски, пораз за Спировски

МАКЕДОНСКИТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ СО ПОЛОВИЧЕН БИЛАНС ОВА КОЛО ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Екипата на Славија од Софија направи одлучувачки исчекор кон опстанокот со победата на гости против тимот на Гоце Делчев со 2:0 со нов одличен меч на репрезентативецот Кире Ристевски.
Тој како и претходните девет натпревари одигра цел натпревар и пак доби одлични оценки од бугарските медиуми. Бразилецот Да Силва со два гола во 26 и 67 минута ја донесе победата на гостите. Славија изби на деветтото место со 43 бода. Берое кој е безбеден го претрпе вториот пораз оваа пролет, откако загуби во Бургас од Нефтохимик со 1:0. Единствениот гол за домаќините го постигна Карадаја во 14 минута. Стефан Спировски го одигра комплетното второ полувреме. Во наредното вонредно коло, в четврток Славија гостува во Бургас, а Берое е слободен. 

Нема коментара:

Постави коментар