05.04.2014.

Вукичевиќ сериозно повреден?

НАЈГОЛЕМОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕРЦИ СО ЛОШО ДЕБИ ЗА ЦРНОГОРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Лоши вести за навивачите на Пелистер стигнуваат од Бијело Поље од Црна Гора. Имено на првиот од двата контролни натпревари на Црна Гора и Тунис, репрезентативецот на Црна Гора, кој настапува за Пелистер, Данијел Вукичевиќ сериозно го повреди коленото и мораше предвреме да го напушти натпреварот.
Во текот на денешниот ден, кога неговите колеги го играат вториот контролен меч, Вукичевиќ треба да изврши дополнителни прегледи, но првата дијагноза не е оптимистичка. Најлошата варијанта е кинење на вкрстените лигаменти на коленото, што би значело повеќе од половина година пауза. Вукичевиќ нема по добро да го памети првиот повик за репрезентацијата на својата земја. Пелистер во среда почнува со мечеви во плеј-офот со домашниот меч со Металург Јуниор.   

Нема коментара:

Постави коментар