Powered By Blogger

12. 4. 2014.

Новески и Мајнц го „прегазија„ Вердер

БИТОЛЧАНЕЦОТ И НЕГОВАТА ЕКИПА БЛИСКУ ДО ВТОРОТО ИЗЛЕГУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
35 годишниот „столб„ на одбраната на бундеслигашот Мајнц 05, битолчанецот Николче Новески одигра уште еден меч за чиста „десетка„ во кој неговите црвени забележаа уште една голема победа во битката за излез во Европа. Имено Мајнц 05 го прегази Вердер со 3:0 во рамките на 30 коло на Бундеслигата. Како и цела сезона на домашен терен, тимот на Тухел игра одлично и брзо го отвори резултатот против зелените од северот на Германија. Со автоголот на Педерсен во 5 минута, Мајнц широко си ги отвори вратите до нова победа. Мориц во 16 минута зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Мајли по акцијата на Поспех во 39 минута. Во второто полувреме домашната екипа лесно го приведе мечот кон крај. На четири кола до крајот на шампионатот, Мајнц 05 е седми на табелата со 47 бода и сонува место во Лигата на Европа. Во наредното 31 коло, Мајнц му гостува на Борусија во Дортмунд на 19 април од 15:30 часот.

Нема коментара:

Постави коментар