Powered By Blogger

28. 4. 2014.

Наредниот викенд ќе биде одбојкарски во Битола

ТРИ ОДБОЈКАРСКИ МЕЧЕВИ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ВО СКЛОП НА ВТОРИОТ ТУРНИР НА ОК ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
Првиот викенд во мај во Битола ќе мине во знакот на одбојката. Втора година по ред во организација на ОК Пелистер Волеј ќе се одржи одбојкарски турнир, во кој меѓу 12 и 17 часот во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито„ ќе се одиграат три одбојкарски натпревари.
Најнапред од 13 часот кадетките на ОК Пелистер Волеј и ОК 11 Октомври од Прилеп ќе го одиграат првиот меч. Веднаш по нив од 14 часот ќе се сретнат младинските женски екипи на битолскиот и прилепскиот клуб. Од 15 часот следи сениорскиот машки дуел на ОК Пелистер Волеј и Синалко. Овие две години битолскиот клуб одлично работи и во сениорска и во младински категории и за очекување е наскоро Битола да добие и клуб во најсилен ранг на натпреварување, што би значело многу за овој одново формиран клуб.  

Нема коментара:

Постави коментар