Powered By Blogger

23. 4. 2014.

Вечното дерби без „Чкембарите„

САМО ЕДНА НАВИВАЧКА ГРУПА НА ПОСЛЕДНОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ВО СКОПЈЕ
Навивачката група „Чкембари„ од  Битола во јавноста преку официјално соопштение откри дека нема да допатува во Скопје на вечното дерби.


,,Навивачката група ЧКЕМБАРИ го објавува ова соопштение се со цел да ја запознае пошироката македонска спортска јавност дека нема да патува на утрешното гостување на првенствениот натпревар со екипата на Вардар во Скопје. Причини за ваквата наша реакција и бојкотирањето на, можеби за нас најважниот натпревар оваа сезона има повеќе, но ќе наведеме само дел од нив. Имено како навивачка група во многу прилики и на оние места каде што ни се даде шанса и можност укажавме на одредени недоследности кои произлегуваат од најновите измени и дополнувања на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, кои се на сила од ноември 2013 година. Притоа, јасно потенциравме дека законското решение е донесено премногу брзо, без притоа да се слушне и гласот на навивачките групи т.е. без да ни се даде можност да презентираме одредени наши размислувања и ставови и да дебатираме за истите. Имено, ако внимателно се разгледува Законот и тоа почнувајќи уште од неговото прво донесување во 2004 година и измените од 2008, 2011 како и последните од 2013 година, веднаш се забележува дека Законот од година во година станува се порепресивен и поригорозен од претходно. За последните измени односно за одредбите кои сега се на сила можеме многу и имаме многу што да кажеме, но никогаш не сме наишле на разбирање од другата страна. Многу е лесно да се седне и да се препише одредено законско решение од некоја друга земја и со тоа да се смета дека работата е завршена. Но, многу е тешко да се успее да се имплементира сето тоа што се пропишува, многу е тешко кажано со едноставни зборови Законот да се направи да биде ефикасен и применлив. Во Македонија, ако сакаме да зборуваме објективно не постојат ни минимални услови за имплементација на вакво законско решение. Во Македонија е нелогично да се пуштаат во продажба нумерирани билети кога 90% од спортските објекти немаат столчиња. Во Македонија е нереално да се очекува дека некој спортски колектив (со одредени исклучоци) може да ги исполни законските обврски кои произлегуваат за него како домаќин на тој натпревар или пак како гостин. Во Македонија е смешно да се прогласи одреден натпревар дека е со висок ризик, а на истиот да присуствуваат едвај 1500 гледачи. Во Македонија е несериозно да се размислува дека треба податоците на навивачите кои ќе одат на одреден натпревар со висок ризик да се чуваат 3 години. Во законското решение не смее да стои одредба која што пропишува дека водачот на навивачката група ќе биде казнет со казна затвор доколку на натпреварот се изврши кривично дело, без разлика дали директно учествувал во сторувањето на истото. Па, зарем во Македонија не постои правниот институт за индивидуална одговорност? Еве прилика и можност предлагачите на вакви закони да уживаат во дерби натпревар без навивачки групи. Искрено се надеваме дека трибините на Филип втори ќе бидат преполни. Дерби е сепак…. Со почит, навивачка група Чкембари !”

Нема коментара:

Постави коментар